50 нијанси силување и насилство врз жената

Од:

По премиерата на филмот „50 нијанси сиво“ во Велика Британија, жените и мажите ширум земјата организираа протест, зошто според нивното мислење ова остварување поттикнува семејно насилство и врски кои се темелат на злоставување на жените.

Феминистките цврсто веруваат дека филмот раскажува романтична приказна за идејата како жена може да спаси маж, дури иако тој има многу маани. Вниманието го привлекоа транспарентите кои ги носеа протестантите, и кои Кристијан Греј го означија како силувач.

Жената која ја покрена кампањата под мото „50 нијанси е насилство во семејството“, Натали Колинс мисли потполно поинаку.

„Ако читателите го извлечат однесувањето на Кристијан Греј од контекст, ќе сфатат дека е тоа е алармантно, а не привлечно – одлучна е Натали. Таа ги повика жените да размислат дали е романтично некој да го прислушува вашиот телефон, да знае каде живеете пред да му кажете или да ја купи компанијата за која работите. Тоа нели е следење и опсесија.

-Една работа сакам да ги прашам сите кои ја читале книгата или одат да го гледаат и филмот. Кога Кристијан не би бил богат и згоден, дали неговото однесување пак би било нормално?

Демонстрантите се толку бесни од измамата со филмот што на социјалните мрежи оставија најсурови пораки, како „Филм 50 нијанси сиво е исто како и да им кажете на жртвите на насилство дека тоа што им се случило е само романса!“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство