49 обезглавени тела покрај автопат во Мексико

Од:

Мексиканската полиција покрај автопат, во близина на градот Монтереј, пронајде 49 обезглавени тела.

Мексиканската влада објави дека одговорноста за злочинот, кој е еден од најгрозоморните во последните неколку години во Мексико, го презеле членовите на злогласниот нарко картел Зетас.

Телата на 43 мажи и шест жени, со отсечени глави, раце и стапала, биле пронајдени покрај автопатот во општината Кадерита Хименез, во сојузната држава Нуево Леон.

Идентитетот на жртвите сеуште не е познат, а според форензичарите некои од труповите биле во фаза на распаѓање, што покажува дека злосторството било сторено пред повеќе денови или недели.

Се претпоставува дека грозоморниот чин е резултата на војната која ја водат ривалските нарко картели Зетас и Синалое.

Наркокартелот Зетас е основан од дезертери во мексиканската армија, кои претходно биле дел од Заливскиот картел, кој во минатото го контролираше нарко пазарот во северниот дел на Мексико.

Картелот Зетас е во војна со соперничкиот картел Синалое, кој го предводи најбараниот мексикански криминалец Жоакин Гузман.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви