44 милиони бегалци во светот, Србија „рекордер“ во Европа

Од:

44 милиони лица во светот, талкаат, без покрив на главата и без топол дом. Конфликтите во Суда, Либија и Сомалија, го зголемија бројот на бегалци за 800 илјади.

На денешниот светски ден на бегалците, овие фрапантни бројки ги соопшти Високиот комесаријат за бегалци. Со свои податоци се одгласи и српскиот комесаријат за бегалци, кој соопти дека Србија е неславен рекордер во Европа по број на бегалци.

„ Во Србија статус на бегалци имаат 66.000 луѓе од Босна и Херцеговина и од Хрватска и околу 210.000 внатрешно раселени лица од територијата на Косово и Метохија“, изјави заменик-министерот за беглаци Светлана Велимировиќ.

Во последните 20 години во Србија влегле повеќе од 850.000 луѓе, бегајќи од војните.

Таа наведе дека во Србија во моментот има 39 колективни центри за бегалци каде живеат околу 3.100 луѓе – 600 бегалци од поранешните југословенски републики и 2.500 внатрешно раселени лица.

Би можело да ве интересира

Чувари и доктор од затвор во Србија се уапсени за смрт на затвореник

Горан Наумовски

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on