Најмалку 40 лица се убиени и 45 повредени при самоубиствен напад на историска црква во северозападниот пакистански град Пешевар.
Голем дел меѓу загинатите се жени и деца.
Според локалните власти, двајца бомбаши самоубиви го активирале експлозивот на себе во моментот кога луѓето излегувале од неделната служба во црквата, во квартот Кохати гејт.
Се верува дека во моментот на експлозиите во црквата имало околу 600 луѓе.