40 тела на луѓе кои биле мачени до смрт од режимот на Асад се најдени во болница во Дамаск

Од:

Во Воената болница во Дамаск синоќа беа пронајдени 40 тела на луѓе кои, наводно, биле мачени до смрт од режимот на Башар ал Асад.

Како што пренесува АФП, на телата биле видливи траги од тортура. Еден бунтовнички борец ја опиша сцената како „ужасна“, велејќи дека ја отворил вратата на мртовечницата и нашол тела кои биле подложни на брутална тортура.

Во координација со Црвениот крст, телата се пренесени во болница во Дамаск, каде во соработка со семејствата на загинатите ќе се врши обдукција и идентификација.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад