Шеесет и едногодишен Чех е 38-та жртва од труење со метил алкохол, откако во септември во земјата се појавија првите смртни случаи од нелегално произведен алкохол, јави дописникот на МИА од Прага.
Полицијата го потврди случајот и трага по потеклото на алкохолот, кој човекот го имал во домашни залихи, а кој според анализите содржел 27 проценти метанол.
Поради труењата со метанол, чешката полиција притвори седумдесетина лица, но соопшти дека се сомнева оти на нелегалниот пазар има уште околу 5.000 литри контаминиран алкохол.