35 Палестинци убиени во Газа, Израел издаде нови наредби за евакуација

Од:

Израелските сили денеска издадоа нови наредби за евакуација на северот на Појасот Газа, додека најмалку 35 лица загинаа во воени напади од понеделникот вечерта.

Во воздушен напад во понеделникот вечерта, две куќи беа оштетени во градот Беит Лахиа во северниот дел на Газа, а најмалку 20 лица загинаа, објави денеска официјалната палестинска новинска агенција ВАФА и медиумите под контрола на Хамас, пренесе Ројтерс.

Здравствените власти соопштија дека 10 лица биле убиени во централните области на палестинската енклава, шест во одделни воздушни напади врз градот Газа и градот Деир Ал-Бала и четворица во градот Ал-Заваида, додека уште најмалку пет биле убиени во израелски напад врз куќа во Џабалија, северно од градот Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот