25 години од формирањето на движењето Хамас

Од:

Во Појасот Газа денеска се одбележува 25 години од формирањето на движењето Хамас. На улиците и плоштадите се вејат палестински знамиња и знамето на Хамас.

На плоштадот Ел-Кетибе, каде ќе се одржи централната прослава веќе се собрани десетина илјади Палестинци. На плоштадот е поставена и макета од ракетата М-75 произведена од Хамас. Такви ракети неодамна беа истрелани и врз Тел Авив, како одговор на израелските напади.

Во рамките на одбележувањето на 25-годишнината на присутните ќе им се обрати и претседателот на политичкото крило на Хамас, Халид Месал, кој по 45 години вчера се врати во Појасот Газа. Месал треба да ја претстави стратегијата на Хамас за помирување со политичкиот ривал, движењето Фатах.

Хамас е формиран во 1987 година од Муслиманско братство. Хамас станува се популарно и во другите делови од Блискиот Исток поради отворената и вооружена борба против израелската окупација. Во поновата историја дејствува како политичка партија на целата палестинска територија.

Во јануари 2006 година Хамас на парламентарните избори го победи Фатах. Хамас ја презема контролата над Појасот Газа додека Фатах ја има контролата над Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја