21 година затвор за норвешкиот монструм

Од:

Норвешкиот монструм најмалку 21 година ќе мине зад решетки. Судот во Осло да му ја изрече пресудата на Андерс Брејвик, кој во минатата година уби 77 луѓе во Норвешка.

Клучно беше што Брејвик не е оценет за непресметлив.

На монструмот ќе му биде дозволено да се изјасни пред судот дали ја прифаќа пресудата, дали ќе размислува за неа и дали ќе се жали.

Осудениот, пренесоа медиумите, ја пречекал пресудата со изопачена насмевка на лицето, најверојатно затоа што токму тоа го сакаше, да биде прогласен за пресметлив и дека не бил луд. За време на целиот судски процес инсиситираше дека не е луд и одбиваше да призане вина, правдајќи ги своите напади со изјави од типот: „неопходно е да се запре исламизацијата на Европа“.

Тој себеси се опишува како воин кој се бори против исламизацијата на Норвешка. Тоа што тој сега сака да го прави е да помине што е можно подолго време во затвор и да ја продолжи својата војна против мултикултурализмот, пишувајќи книга.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ