До 2036 година цивилната авијација ќе има потреба од над 600.000 пилоти

Од:

Растот на воздушниот сообраќај ќе ги принуди авиопревозниците во светот да вработат повеќе од 600.000 пилоти до 2036 година, што ќе биде предизвик со оглед на стареењето на населението, изјави претставник на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО).

– Бројот на патнички летови и патници се удвојува на секои 15 години, но работната сила во секторот се намалува, изјави генералната секретарка на Организацијата, Фанг Лиу, говорејќи пред Советот за меѓународни односи во Монтреал.

Таа истакна дека предизвикот за пронаоѓање соодветни кадри произлегува од неизбежното стареење на населението, намалувањето на стапката на наталитет, но и од тоа што идните таленти се привлечени од високотехнолошките сектори.

Би можело да ве интересира

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија