200 полицајци го бараат убиецот кој обезглави 62-годишен маж

Од:

Обезглавено тело на маж е пронајдено во хотелска соба во Јапонија.

Телото на маж без глава, за кој се верува дека е 62-годишен локален жител, е пронајдено во хотелска соба во Сапоро, град на јапонскиот остров Хокаидо, објави NHK News.

Телото го пронашол персоналот на хотелот во бањата на соба на вториот кат, пренесува Sky news.

Полицијата добила снимка од надзорните камери на кои наводно се гледа како маж со друго лице влегува во хотелот.

Друго лице е снимено како го напушта хотелот сам околу 2 часот наутро.

Друг медиум, Kyodo News, пишува дека е забележано едно лице како излегува од хотелот со црн куфер, во кој полицијата се сомнева дека има глава и облека на жртвата.

Обдукцијата на телото на мажот покажала дека главата најверојатно му била отсечена по неговата смрт.

Полицијата трага по лицето кое е снимено како излегува од хотелската соба, а на случајот работат повеќе од 200 полицајци.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ