Најмалку 20 лица загинаа во денешната експлозија во близина на воена база во Сомалија, јави ДПА.
Бомбата била подметната во автомобил во близина на базата, а новиот воен командир, кој ја напуштал базата после преземањето на функцијата, го преживеа нападот.
Во нападот уништен е минибус, во кој се превезувале цивили. Сите цивили загинаа во нападот.
Одговорноста за нападот ја презеде исламската екстремистичка организација Ал Шабаб.