20 години затвор за поранешен командант на логор во Романија

Од:

Јоан Фичор, поранешен командант на работниот логор Периправа во Романија, денеска беше осуден од Апелациониот суд во Букурешт на 20 години затвор за злосторства против човештвото, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Судот нареди и намалување во чин на Јован Фичор и плаќање на надомест од 310.000 евра за нанесена морална штета на осуммината тужителите во случајот. Фичор ќе треба да ја исплати отштетата солидарно со романската држава, претставена од Министерството за финансии, Министерството за администрација и внатрешни работи и Националната управа на затворите.

Одлуката не е конечна и може да биде обжалена пред Врховниот касационен суд..

Против Јоан Фичор се поведе судска постапка во октомври 2014 година. Обвинителите го обвинија дека во периодот 1958 – 1963 година спроведувал репресивен и нехуман режим во логорот со кој раководел, а како резултат на тоа, починале 103 лица.

Историчарите сметаат дека околу една петтина од 500-те илјади политички затвореници за време на комунизмот во Романија починале во затвори и работни логори.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија