19 загинати во експлозија во рудник во Кина

Од:

19 рудари загинаа, а околу 30 останаа заробени во рудник, по екплозија на гас, во југозападна Кина.

Експлодираше рудникот Сјаоџиаван во провинцијата Сечуан, додека во него беа околу 152 рудари.

Спасувачите најдоа 16 тела на луѓе кои загинале од труење со јаглен моноксид. Уште тројца рудари починале во болницата како последица од труењето. Телевизијата CHTV наведува дека 28 рудари се заробени во рудникот.

Минатата година загинаа вкупно 1.973 рудари во Кина.

 

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски