Најмалку 16 луѓе беа убиени денеска во Бангладеш во судири по изрекување смртна пресуда за исламистички лидер заради воени злосторства за време на војната за независност од Пакистан во 1971 година, јави ДПА.
Петнаесет активисти на исламистичката партија Џамаат-и-ислами чиј заменик претседател Делвар Хосаин Сајдеи беше осуден на смрт, беа застрелани од полицијата.
Лидерот на владејачката Народна лига бил убиен веројатно од приврзаници на Џамаат-и-ислами. Железничката врска од Дака беше во прекин два часа откако демонстранти опожарија мост.