15 загинати при експлозија на предизборен митинг во Пакистан

Од:

Најмалку 15 лица загинаа, а над 40 се ранети денеска при експлозија на бомба за време на предизборен митинг на исламистичката партија Совет на исламските улеми (ЈУИ) во реонот Куран во северозападниот дел на Пакистан.

Како што соопшти локалната полиција, бомбата била поставена во близина на бината од која на присутните им се обраќале говорниците на митингот.

Меѓу жртвите нема ниту еден од лидерите на ЈУИ, која важи за блиска до талибанците во Авганистан и Пакистан.

Досега никој не презеде одговорност за нападот.

Во текот на кампањата за парламентарните избори закажани за 11 мај, беа извршени неколку напади за време на партиски собири, при што загинаа над 70 лица.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица