14 убиени во воздушен напад на сирската армија врз градот Сафира

Од:

Во воздушен напад на сириските владини сили врз градот Сафира во северна Сирија убиени се најмалку 14 лица, од кои повеќето жени и деца, соопшти Сирискиот центар за набљудување на правата на човекот, цитиран од американските медиуми.

Нападот бил изведен врз градот Сафира, јужно од Алепо. Меѓу убиените има две жени и осум деца.

Според активисти, режимот често изведува напади врз станбени реони за да се одмазди кога бунтовниците во борбите ќе освојат некоја позиција.

Претходно денеска бунтовниците ја засилија опсадата на воената база во северна Сирија во близина на турската граница, а владините авиони изведоа напади врз околните реони како подршка на одбраната на базата.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение