13 затворeници убиени, а 30 ранети во безредија во бразилски затвор

Од:

Тринаесет затвореници загинаа, а триесет се ранети во судири во затвор во бразилската држава Маранау, јави ИТАР-ТАСС.

Ситуацијата излегла од контрола откако администрацијата открила ископан подземен тунел, што почнувал од една од просториите на затворот, соопшти министерот за јавна безбедност на државата, Алуизиу Мендиш.

На почетокот затворениците се обидувале да ги спречат чуварите да стигнат до подземниот тунел, но набрзо безредијата прераснале во судири меѓу непријателските затворенички групи.

За задушување на бунтот биле повикани специјални единици на полицијата. Според Мендиш, при безредијата самите затвореници почнале со меѓусебно расчистување на сметките и убиства.

– Полицијата не употреби огнено оружје, потенцира Мендиш.

 

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски