13 загинати во експлозија на автомобил-бомба северно од Дамаск

Од:

Автомобил бомба изминатата ноќ експлодира северно од сириската престолнина Дамаск и уби 13 лица, од кои десет се полицајци, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права, стациониран во Лондон.

Експлозијата одекна во близина на полициска станица во гратчето Деир Атије. Меѓу убиените има тројца цивили, вклучувајќи и едно дете.

Сириските државни медиуми потврдија дека имало напад, а според нивни информации бил извршен од атентатор самоубиец.

Се информира за неутврден број жртви и се наведува дека зад нападот стојат „терористи“, како што државните медиуми ги нарекуваат бунтовниците.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години