13 убиени во израелски напад врз бегалски камп во Либан

Од:

Бројот на жртви се искачи на 13, а неколку други се ранети, во израелскиот воздушен напад врз палестински бегалски камп во јужен Либан, соопштија денес либанските државни медиуми и владини претставници.

Ова беше најсмртоносниот напад врз Либан од прекинот на огнот во војната меѓу Израел и Хезболах пред една година, објавува АП.

Нападот со беспилотно летало погоди автомобил на паркингот на џамија во бегалскиот камп Аин Ал Хилве, на работ на крајбрежниот град Сидон, соопшти либанската државна Национална новинска агенција.

Министерството за здравство на Либан соопшти дека 13 лица се убиени, а неколку други се ранети во воздушниот напад, без да даде дополнителни детали. Претходно беше соопштено дека 11 лица се убиени во нападот.

Израелската војска претходно изјави дека кампот наводно го користеле оперативци на Хамас „за планирање и извршување терористички напади врз трупите и Државата Израел“.

„Преземени се чекори за ублажување на цивилните жртви, вклучително и употреба на прецизна муниција, воздушен надзор и дополнителни разузнавачки информации“, соопшти израелската војска.

Водач на Хамас беше убиен во градот Сидон во јули оваа година.

Би можело да ве интересира

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери

Смрт и разурнување во Газа: Девет жртви, вклучително и деца

Израел врши притисок врз САД да го нападнат Иран

Замир: САД би можеле да го нападнат Иран за две недели

Нетанјаху предупредува: Антисемитизмот ја загрозува иднината на цивилизацијата

Нови израелски напади врз Газа: Убиени се членови на Хамас и Исламски џихад