12-те најважни моменти во науката во 2014-та

Од:

Гардијан

Прво се урна Вселенскиот брод два на Вирџин галактик, а потоа 300 милиони километри понатаму Филај се спушти на комета. Од далечните потекла на луѓето до нашата иднина на планетата, 12 водечки научници ги избраа според нив најважните моменти и приказни на годината.

  1. Ледената обвивка на западен Антарктик влезе во неповратно топење

13 јануари

Во јануари и мај слушнавме вести за „неповратното топење“ на западноантарктичката ледена обвивка. Ударните наслови наведоа три студии за големи глечери кои пловат во Амундсеновото Море, па ако е точно тоа може да значи значаен пораст на нивото на морињата во следните неколку стотини години. Интересно е што тоа не е едноставна приказна за „луѓето кои го предизвикуваат глобалното загревање, па затоа ледот се топи“. И ако е ова вистина за некои делови од Антарктикот и на Гренланд, промените во Амундсеновото море се потикнати од водата која е веќе топла и која циркулира под ледот. Сеуште не може да се пресуди дали човековите активности влијаеле на оваа циркулација во минатото. Но постои причина да се верува дека можеме да создадеме вакви предизвикувачи и во иднина. Големото прашање е: колку долго ќе продолжи овој пад, колку брзо ќе се случува, и дали може да почне и на други делови од Антарктикот? Во моментов ја истражувам оваа фасцинантна приказна, па навратете повторно на оваа страна…

Д-р Тамиш Едвардс, научник по екологија од Универзитетскиот колеџ Лондон.

  1. Науката откри дека кучињата го препознаваат гласот на своите господари

21 февруари

Техниките за функционално создавање слики или фМРИ, ни овомзожува да поставуваме многу прашања во врска со функционирањето на здравјето на човечкиот мозок. Една студија годинава навистина ја подигна летвичката со испитувањето на функцијата на мозокот кај човекот и кај домашните кучиња. И двата вида покажаа активности во горниот времен солкус кога слушале емоционални звуци (и од луѓето и од кучињата). иако и двата вида покажале поголем мозочен одговор на своите видови. Кучињата се многу социјални, и за луѓето се смета дека се избрани заради посебни релевантни когнитивни вештини во нашата коеволуција со кучињата – кучињата се способни да учат да разбираат многу кажани зборови и се едни од малкуте животни кои разбираат што значат наредбите. Ова прва фМРИ студија помеѓу видовите отвара пат да се истражуваат овие споделени вештини од мозочна преспектива. А со тоа стана можно со тренирањето на кучињата да лежат мирни во скенерот, што беше неопходно за да се планира и првата студија човек-мачка која наскоро следува.

Софи Скот, професор по когнитивна неуронаука, Универзитетски Колеџ Лондон.

  1. Откривањето на гравитициските бранови (или пак не)

17 март

Мојата приказна за наука на годината беше најавата од група космолози во март дека забележале бранови во вселената кои останале уште од раѓањето на универзумот.

Резултатот доаѓа по експеримент кој бил изведен на Јужниот пол наречен БИЦЕП2, кој регистрира слаба микробранова радијација во вселената со помош на високочувствителни микроскопи. Медиумите ме цитираа кога реков дека ова откритие заслужува барем две Нобелови награди: една за откривање на доказите за гравтациските бранови од Големиот пукот (Бинг бенг), а друго за обезбедувањето на директни докази дека нашиот универзум не е единствениот, туку дека е дел од „мултиверзум“.

За несреќа, возбудата не траеше долго. Како дел од нивната анализа, истражувачите користеле прелиминарни податоци кои ја земале во предвид вселенската прашина која лебди околу галаксијата. На крајот на мај, по повнимателна реанализа, научниците од Принстон заклучиле дека резултатот ги занемарил ефектите од оваа прашина, што го доведе во прашање целото откритие. Па добро, тоа е наука.

Џим Ал-Калили, професор по физика на Универзиетот во Сари

  1. Отпорноста на антибиотици ја доби наградата Лонгитјуд вредна 10 милиони фунти

25 јуни

Триста години по воспоставувањето на наградата Лонгитјуд и откако часовничарот Џон Харисон ја револуционаризираше навигацијата на море со помош на хронометар, комитет на Лонгитјуд повторно се состана и јавноста ги повика да го кажат нивното мислење кои шест предизвици треба да бидат предложени за наградата за 2014, вредна 10 милиони фунти.

Гласав за отпорноста на антибиотици, која се заканува на самата суштина на модерната медицина, и возбуден сум што тоа беше избрано. Наградата Лонгитјуд не само што ни овозможува да играме улога во обликувањето на иднината со одлучување како науката може да се искористи за да се разбере глобалниот проблем, но исто така ги поттикнува иновациите и соработка која е потребна за идно постоење на технологии за ефтина, брза и лесна за користење тестови за дијагностика на медицинска грижа, кои можат да се создадат за точно идентификување на бактериските инфекции.

Илјадници индивидуалци и организации веќе тргнаа да бараат решение. И уште еднаш можеби одговорот ќе дојде од неочекуван и изненадувачки извор.

Лиз Бомин, телевизиски водител, „Бенг стана теорија“

  1. Лансирање на орбитирачката опсерваторија за јаглерод

2 јули

Попладнето на 2 јули го поминав преправајќи се дека нешто работам, а всушност бев обземен од НАСА ТВ. Во темната и замаглена Калифорнија, една ракета се подготвуваше да полета. Главниот товар беше орбитирачката опсерваторија за јаглерод, сателит кој може да прави детални мерење на јаглерод диоксидот од вселената. Но ова беше втора варијанта, затоа што првата верзија никогаш не стигна во орбитата. Во 2009, „аномалија кај ракетата носач“ го сопре првиот сателит кој беше дизајниран да следи како дише нашата планета, и изгоре при повторнто лансирање пред да направи било какво мерење. Чекањето беше навистина фрустрирачко. Но сега се одеше според планот, и сега ОЦО2 е над нашите глави. Сателитот ќе ја скенира нашата планета во ниската земјнина орбита, и ќе ги следи концентрациите на ЦО2 со помош на спектометри и преку одбиената сончева светлина. Ќе може да видиме дали и каде ЦО2 доаѓа и се губи со сезоните, повеќе природно, но исто така и со помош на човештвото. Во 2015 конечно ќе можеме да следиме како дише нашата планета.

Д-р Хелен Церски, физичат и океанограф, Универзитетски колеџ Лондон

  1. Октопод кој лежи на јајца цели четири години

30 јули

Можете ли да замислите да седите мирно во темина и ладно повеќе од километар под површината на океанот цели 53 месеци? Не можам ниту јас. Но приказната за мајката октопод која ги чувала своите јајца повеќе од четири години, токму ја отсликува ова ситуација. Дури постоеше сомнеж дека таа и воопшто јадела за тоа време. Оваа сторија може и емоционално да се разбере – посветената мајка која се откажува од се заради нејзините идни деца (смртта по изведувањето на јајцата изгледа е стандардна за овој вид). Но тука исто има и интересни научни прашања: дали таквото долго лежење јајца создава подобри наследници за да преживеат? Какви метаболитички процеси овозможуваат такво долго, неподвижно и бесхрано егзистрирање за мајката? Или ова беше само налудничаво долготрајно следење кое случајно е забележано, наместо вообичаеното лежење јајца?

Атине Доналд, професор по експериментална физика на Универзитетот во Кембриџ и декан на Колеџот Черчил.

  1. Професорот Џон Окиф за добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина

6 октомври

Мој научен момент на годината беше информацијата дека професорот Џон Окиф од Универзитетскиот колеџ Лондон, заедно со професорите Меј-Брит и Едвард Мосер од Институтот Кавли во Норвешка, се добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина за откривањето на навигацискиот систем во дел од мозокот наречен хипокампус. Нивното истражување го откри неуролошкиот механизам како помниме патишта и места, и го поплочи патот на едно цело поле во неуронауката посветено на просторната меморија и навигацијата. Ова беше голем момент за британската неуронаука, како и за истражувањата кои се прават надвор од Велика Британија. Исто така беше потсетник дека науката е меѓународна усилба: Окиф е американец и мнозина од брилијантните истражувачи кои се обучувале во неговата лондонска лабораторија се од други земји, со што се подвлекува вредноста да им се овозможи на луѓето од целиот свет да додјат во Велика Британија за научна обука.

Професор Сара-Џејн Блејкмор, Институт за когнитивна неуронаука на УКЛ.

  1. Падот на Вирџин галактик

31 октомври

Кога во 2009 година Вирџин галактик најави дека ќе почне да прима нарачки за своите први комерцијални вселенски летови, бев еден од многумината кои брзаа да си купат билет. Пет години подоцна, цената на билетот од 250 илјади долари е се уште бесмислена, но не ги осудувам оние кои се доволно богати да се пријават. Вселената е новата граница и ако некогаш има шанса да одам таму, тогаш инженерите ќе мора тоа некако и да не уверат дека тоа е можно. Треба да имаат основа за тоа. Затоа почуствував големо разочарување – и симпатија за семејството на пилотот –  кога Спејшип ту на Вирџин галактик се распрсна за време на тест-летот на 31 октомври. Се до овој момент, овој нов дизајн за вселенски брод правеше стабилен, но бавен прогрес кон целосна функционалност. Главната причина за несреќата сеуште не е позната, но како резултат на овој застој, шансите за комерцијални вселенски летови оваа деценија значајно опаднаа.

Марк Миодовник, професор за материјали и општество на УКЛ

  1. Реакцијата на Моника Гради за слетувањето на Филај

13 ноември

Не беше толку восхитувачка снимка од спуштањето на Филај на кометата 67П, колку што беше камерата која беше усмерена на друго место. Додека пораката за слетувањето одекна низ контролата на мисијата Розета, брилијантниот професор на Отворениот универзитет по планетарни науки, Моника Гради, скокаше наоколу како – всушност како што? Не како фудбалер кога ќе постигне гол, затоа што кај неа нема его, ниту пак чувство за историски успех. Не, Моника Гради скокаше и цикаше како научник. Има многу малку моменти во кариерата на секој научник кога нешто навистина исклучително се остварува по децении работа – а кое мнозината од нас никогаш и нема да го почувствуваат. Но благодарение на проектот кој ја освои фантазијата на јавноста и ја докажа силната способност на човештвото да стигне подалеку отколку што може и физички да зграби, сите добиваме шанса да споделуваме со најчистата радост од успехот.

Моника себеси се опишува како „ниска, заоблена, очилеста, зафатена и шефовски настроена“. Би сакал да додадам и „весела“. Ајде засекогаш да биде збранет стереотипот за стар со жици опкружен човек со разлетана коса. Научниците се само луѓе, но токму вака би требало да се почувствува некакво откритие.

Д-р Адам Радерфорт, презентер во емисијата Инсајд сајанс на Радио 4.

  1. Школката тринил

3 декември

На почетокот на месецов објавување на една студија во Нјечр предизвика шок помеѓу науките за потеклото на човекот. Извештајот вклучува опис на едно посебно откритие кое претставува трик – толку вообичаено во палентеологијата и археологијата – што е толку големо додека изгледа фантастично безначајно. Но додека гледав во фотографијата на половина милион стара школка од Индонезија, бев возбуден и без зборови. Ова беше обична школка – но со врежана цик-цак шара. Направена не од модерните луѓе, ниту пак од неандерталци, туку изгравирано од некои претходни врсти – најверојатно од Хомо еректус. Археолозите и антрополозите се согласуваат дека создавањето на геометриски шари е „модерно однесување“. Пред оваа школка, најстарите геометриски шари за кои знаеме се оние на парче окер земја од пештерата Бломбос, во Јуужна Африка, кое датира од пред 75,000 години – точно од времето на Хомо сапиенс. Но она што значи оваа школка е дека „модерниот ум“ е многу постар отколку што можевме да си претпоставиме.

Елис Робертс, професор по јавен ангажман на Универзитетот во Бирмингем.

  1. Тест летот на Орион назад до Земјата

5 декември

Успешното спуштање на капсулата Орион во Пацификот, неколку стотини милји западно од Баџа во Калифорнија, е најзначајно настан за мене годинава. Како мирис од времето на Аполо, таа претставува прв значаен хардвер кој може уште еднаш да не однесе надвор од ниската орбита на Земјата. Орион е летало кое беше создадено да биде основа на најсовремената програма на Наса за човечка истражување, со своја вселенска станица, месечината, Марс и на одредиштата надвор од својот потенцијален репертоар. Човечките летови во вселената се тешки. Пакуваме меурчиња за одржување на вештачки живот во капусли и ги ставаме на врвот од ракети-носачи со застрашувачко експлозивно полнење. Го правиме тоа со надеж дека ниту ракетата ниту пак екипажот нема да бидат уништетни во самиот процес. Со создавање на такви функционални системи бидете сигурни дека нема да си го олесните животот. На декемврискиот тест-лет, бесчовечката капсула Орион прелета во висока елиптична орбита и патуваше подалеку и побрзо од било која ракета-носач направенма досега од човекот во изминатите повеќе од 40 години. Има далеку повеќе милји во патувањата кои допрва треба да се остварат преку кои можеме да ги постигнеме нашите широки меѓупланетарни цели, но спуштањето беше, барем за мене, едно од најважните мали чекори во човековите летови во вселената.

Д-р Кевин Фонг, помошник директор во Центарот за медицина во височни, вселената и во екстремни средини при УКЛ.

  1. Приближување до 40-процентна ефикасност на соларните панели

8 декември

И покрај сите економски падови и различните вести за климатските промени, 2014 го одбележа возбудливиот момент кога цената на чистата, нискојаглеродна соларна струја се приближи до таа на нафтата, гасот и нуклеарната, без субвенциите. Полупроводниците со тенки слоеви, односно материјалите кои слабо спроведуваат струја во темнина, но им овозможуваат на електроните да течат слободно кога сонцеро свети, лежи во срцето на оваа технологија. Иако силиконот доминира на пазарот, хемичарите прават огромен прогрес. Ќелиите на основа на кадмиум телуридот, кој е материјал кој далеку помалку бара енергија отколку силиконот, и оловно-халидниот перовските, револуционерната супстанија која беше откриена дури во 2009, и двете годинава постигнаа ефикасност од околу 16-17 проценти, со што се заканија да го истуркаат силиконот од тронот. И други многу покомплексни системи туркаат кон 40 проценти. Но дури и без овој напредок, цената на силиконските ќелии драмаатично опадна, што денес дури можете да купувате панели и во Икеа. Раструбете наоколу. Зелената струја доаѓа за да остане.

Андреа Села, професор по материјали и неорганска хемија на УКЛ.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска