12 лица се повредени во железничка несреќа во Романија

Од:

Во железничката несреќа што се случи рано утринава во Романија повредени се 12 лица, од кои четворица се хоспитализирани, соопшти денеска Инспекторатот за вонредни состојби.

Несреќата се случила во близина на патот Арад-Букурешт, кога патнички воз со 280 патници ненадејно закочил во квартот Телеорман, за да избегне товарен воз кој испаднал од шините, пренесува Romania Journal.

Двајца од повредените, 46-годишен маж и 30-годишна жена, се пренесени во болницата во Александрија со повреди на главата и екстремитетите, а уште две лица, 59-годишен маж и 61- годишна жена, биле пренесени во општинската болница во Рошиора де Веда, со повреди на екстремитетите, пренесува Танјуг.

Останатите патници со минибуси биле однесени до станицата Рошиори, а оттаму се качиле во друг воз за да ги однесе до нивната дестинација.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, 25 повредени во судир на воз и камион во Германија

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Воз прегази две девојки во Србија

А1он