11 загинати во бродолом во Сомалија

Од:

Најмалку четири странски членови на екипажот и седуммина сомалиски пирати погинаа, а 13 други се исчезнати кога потона товарен брод што пиратите речиси три години го држеле за откуп во близина на сомалискиот брег, изјави пират кој се претставил како Хусеин.

– Немавме бродови за да ги спасиме, рече пиратот Хусеин, а пренесоа британските медиуми.

Товарниот брод МВ Албедо во сопственост на малезиска компанија и неговата посада беа грабнати на 26 ноември 2010 година, на 900 милји од сомалискиот брег, додека пловеле од Обедиентите Арапски Емирати кон Кенија.

Бродот постепено тонел речиси седум дена, но сосема потонал синоќа, рече Хусеин, јавувајќи се телефонски од главната сомалиска пиратска база Харадхир. Албедо, во моментот кога бил запленет, имал 23 членови на екипажот од Пакистан, Бангладеш, Шри Ланка и Иран.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Жена загина во несреќа на скопската обиколница

Горан Наумовски

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

А1он

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он