11 авганистански полицајци осудени поради бруталното убиство на жена

Од:

Судот во Кабул осуди 11 полицајци на по една година затвор, затоа што не реагирале за да се спаси Авганистанката Фархунда, која беше брутално убиена во главниот авганистански град.

Убиството се случи на 19 март годинава на платото пред познатото муслиманско светилиште Шах ду Шамшара, во близина на претседателската палата во Кабул, откако 28-годишната жена била лажно обвинета дека ја запалила светата муслиманска книга Куранот.

Толпата мажи прво ја претепале до смрт, а потоа нејзниното мртво тело го закачиле за еден автомобил и го влечеле низ улиците, за на крајот да го полијат со бензин и да го запалат.

Сведоци тврделе дека Фархунда не го запалаила Коранот, туку дека само се расправала со еден продавач на амајлии пред светилиштето, но дека никој не ги прифатил нивните објаснувања.

Полицајците кои биле на локалцијата каде почнал инцидентот и низ улиците, не направиле ништо да се запре дивеењето на толпата.

На почетокот од овој месец, четири лица, меѓу кои и продвачаот на амајлии, кој лажно ја обвинил несреќната жена, беа осудени на смрт. Други осум лица судот во Кабул ги осуди на дожовотен затвор.

Во текот на тој процес, судот соопшти дека подоцна ќе ја определи вината на вкупно 19 полициајци колку што беа обвинети. Осум од нив сега беа ослободени, поради недостиг на докази.

Насилството врз жените е раширено во Авганистан и малкумина се мажите кои биле обвинети или казнети за тоа. Но, бруталното убиство на невината Фархунда, предизвика силен револт во авганистанската јавност, па беа организирани бројни протести низ земјата, на кои се бараше од властите да ги заштитат женските права.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан