100 милиони долaри хуманитарна помош од САД за Сирија

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама одреди помош од 100 милиони долари за Сирија, но таа ќе биде од хуманитарен карактер, а не за вооружување на бунтовниците.

Одлуката ќе биде соопштена утре во Рим од страна на државниот секретар Џон Кери.

Средствата се предвидени за помош на 1,4 милиони сириски бегалци, како и за илјадниците цивили кои и понатаму се во Сирија.

САД од почетокот на судирот во Сирија пред две години донирале 510 милиони долари помош.

Вашингтон е резервиран кон идејата да им помогне на сириската опозиција со оружје поради големото влијание на Ал Каеда врз бунтовниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија