10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Од:

Најмалку 10 лица загинаа во несреќа на мал авион во северозападна Колумбија, објавија властите.

Авионот, сопственост на компанијата „Пацифик Травел“, бил пријавен за исчезнат за време на летот од градот Хурадо до Меделин, а се урнал во руралното подрачје Урао, општина во северозападната колумбиска провинција Антиокија, локална објавија медиумите.

Во авионот имало двајца членови на екипажот и осум патници.

„За жал, нема преживеани. На местото на настанот има 37 спасувачи, а во тек е втората фаза, која вклучува отстранување на телата и координација со судската полиција“, изјави Карлос Риос Пуерта, директор на Одделот за управување со ризици во Антиокија.

Неповолните временски услови го отежнуваат процесот на собирање на остатоците од авионот, бидејќи тоа треба да се направи од земја, без помош на хеликоптер.

„Се обидуваме да го направиме овој процес што е можно побрз и ефикасен“, додаде Риос Пуерта.

Компанијата „Пацифик травел“ се огласи со соопштение во кое се обврзува да обезбеди поддршка на семејствата на настраданите.

Министерството за транспорт и цивилно воздухопловство изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Цивилната авијација покрена истрага за да се утврдат причините за падот на авионот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа при пад на мал авион во река во Небраска

А1он

Прогласена вонредна состојба во Колумбија: Се шири опасна епидемија на вируси

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Поради пожар, авион на Јунајтед ерлајнс беше принуден принудно да слета

Се урна руски воен авион Су-25

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода