Кога во 1963-та година еден Турчин од Кападокија, решил да ја реновира куќата открил нешто невреојатно. Тој го урнал ѕидот во подрумот на својата куќа и открил дека позади него се наоѓа тунел и уште неколку простории.
Така сосема случајно е откриен најголемиот подземен град во Турција, кој се наоѓа на 85 метри под површината на земјата. За овој необичен град со право може да се каже дека е инженерско ремек дело и големо археолошко откритие.
Низ него тече вода која се пие, има вентилација, одделни станови, продавници, бунари, соби каде што се складирало оружјето, па дури и гробница. Во градот е пронајдено училиште, па дури и простории каде што се чувале животните.
Досега се пронајдени 52 отвори за вентилација, а исто така е откриено дека сите извори на вода не се поврзани со површината, веројатно од страв дека освојувачите би можеле да ја затрујат водата.
Се претпоставува дека градот кој можел да собере околу 50 илјади луѓе, поттекнува од VII или VIII пред новата ера.
Во текот на подемот на Персиското царство, градот бил користен како населба за бегалците, а подоцна како скривалиште од инвазијата на Римјаните и Арапите.
Подземниот град им пружал одлична заштита од топлите лета и студените зими на жителите.
Овој импресивен град не е единствено археолошко откритие во Турција. Во неговата близина пронајдени се скоро 200 други подземни градови, од кои најмалку 40-тина имаат по три нивоа под земјата.
Вкупно сите би можеле да соберат околу 100 илјади луѓе.