ВИДЕО: Жестока кавга на Лилјана Поповска со Шиповиќ и жителите на Центар

Од:

„Вие не сте зелена, вие сте црна партија“ – ја обвинуваа жителите на Центар, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска по сечата на дрвјата пред нивните згради спроти хотел „Бристол“.

Тие ја обвинија дека таа не ја штити околината, туку дека е дел од урбаната мафија и дека советникот од нејзината партија гласал за сеча на дрјвата.

– Вие сте одговорни за делот овде кој се руши. Вашиот советник гласаше за оваа сеча на дрвата. Да најдете решение за овој проблем, ова е срамота што се случува.

Поповска се бранеше дека не може администрацијата да биде појака од власта, и велеше дека ова не е процедурално.

-Јас го молев вашиот советник да не го изгласа урбанистичкиот план, и возврати Мирослав Шиповиќ кој сега е претседавач на Советот на општина Центар.

-Јас ќе се разболем од ове работи, рече Поповска.

-Вие разболете се, примате плата за тоа – и врати револтираната жителка.

Повеќе од видеото.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски