Министерството за внатрешни работи во рамки на продолжувањето на оперативната акција „Чекан“, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.Б.(39), вработен како полициски службеник во Полициската станица Гостивар и Ш.Д.(41), командир на гостварската полиција, осомничени за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „соизвршителство“ односно „помагање“, а во врска со кривичните дела „изнуда“ и „лихварство“.
Врз основа на доставеното Известување до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, од страна на Судијата на предходна постапка при Основниот Суд Скопје 1 Скопје беа издадени Наредби за присилно доведување на лицата. Од страна на надлежни единици ОСОСК/СВКПС, како и Одделот за посебни единици беше постапено по претходно изготвен план за преземање мерки и активности, пришто лицата се пронајдени, лишени од слобода и спроведени пред судија на претходна постапка кој им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.
Како што соопшти денеска МВР, се работи за кривични дела што беа извршени од страна на 19 лица за кои во претходната фаза од акцијата „Чекан“ беше поднесена кривична пријава.
Двајцата пријавените се товарат дека во својство на службени лица со цел стекнување на противправна имотна корист ја потпомагале криминалната група на тој начин што не преземале службени дејствија кои се должни да ги преземаат, односно тие иако имале добиено сознание за извршени кривични дела „лихварство“, „изнуда“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ од страна на некои лица опфатени во претходна кривична пријава, не преземале дејствија со цел нивно откривање и докажување, или пак вршеле службени дејствија кои не смеат да ги извршуваат.
Пријавениот Р.Б. како член на криминалната група во периодот од 01 јуни 2014 година до 10.12.2014 година, се појаснува во соопштението, со злоупотреба на службената положба и овластување на претходно пријавените лица им овозможил непречено да ги вршат кривичните дела „лихварство“ и „изнуда“ и на тој начин противправно да се стекнуваат со имотна корист, на штета на оштетените, пришто за целиот овој период не презел никакви службени дејствија кои мора да ги презема, па дури и активно учествувал во вршење на овие кривични на начин што давал податоци за оштетените кои се однесуваат на нивната имотна состојба, нивната местоположба и слично.
Пријавениот Ш.Д. во период од 10.01.2009 година до 26.01.2012 година како член на криминалната група, со искористување на својата службена положба во најмалку четири наврати на претходно пријавените им овозможил непречено да вршат кривични дела кои се гонат по службена должност и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист. Тој кривичните дела ги извршил на начин што пријавите, кои најчесто биле за физички напад, како дејствија извршувани во рамки на кривичните дела „лихварство“ и „изнуда“, кои униформираните полициски службеници ги изготвувале и му ги доставувале на понатамошно постапување против пријавените, воопшто не ги процесуирал, ниту ја известувал Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Гостивар. Ш.Д. ова го правел согласно договорот и улогата која ја имал во криминалната група, со цел прикривање на докази, како и спречување на откривање и докажување на кривичните дела „злосторничко здружување“, „лихварство“ и „изнуда“.
Мерките и активости, стои во соопштението од МВР, биел преземени во координација со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, пришто од нивна страна била извршена контрола на работата на Полициската станица во Гостивар за што сочинети се пет Извештаи, во кои анализирани се четири настани со кои се потврдува сторувањето на кривичните дела од страна на пријавениот.
Врз основа на доставеното Известување до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, од страна на Судијата на предходна постапка при Основниот Суд Скопје 1 Скопје беа издадени Наредби за присилно доведување на лицата. Од страна на надлежни единици ОСОСК/СВКПС, како и Одделот за посебни единици беше постапено по претходно изготвен план за преземање мерки и активности, пришто лицата се пронајдени, лишени од слобода и спроведени пред судија на претходна постапка кој им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.