(ВИДЕО) Витановски: Државната изборна комисија може да организира избори во една изборна единица

Од:

Државната изборна комисија е подготвена да ги спроведе изборите без оглед дали ќе бидат во една или во шест изборни единици. Доколку биде една изборна единица ќе треба само да решиме одредени технички прашања, а тоа не е невозможно, рече Јанакие Витановски од ДИК на дебатата за измени на изборниот законик.

Овој состав на ДИК, рече тој, досега успешно ги спроведе референдумот и претседателските избори иако сме со најкус мандат.

„За ДИК нема да биде проблем да ги спроведе изборите во една изборна единица, со тоа што ќе треба да набавиме нов софтвер за да може да се пребројат резултатите. Ние сме подготвени, ќе го спроведеме законот како што вие ќе го донесете“, рече Витановски.

Во Собранието се одржува јавна дебата за измени во изборниот законик кои ги инициираа 17 пратеници. Учествуваат пратеници и експерти. На дебатата не се присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ДИУ и Беса.

Би можело да ве интересира

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас