ВИДЕО: Уловен пад на метеорит во Аргентина

Од:

Моментот кога метеорит навлегол во земјината атмосфера, експлодирал и се претворил во светлосна топка е забележан на видео-снимката на еден љубител на музика, кој дошол на концертот во Сантјаго дел Естера (Аргентина). Џиновска огнена топка на небото за момент ја претворила ноќта во ден.

Според очевидци, блескавото тело можело да се види стотици километри надалеку. Видеото е снимено околу 3 часот и 30 минути наутро, но светлината била толку јака што целата појава изгледала како изгрејсонце.

Хорхе Коглан, директор на Астрономската опсерваторија на Санта Фе, вели дека пречникот на метеоритот изнесувал околу 20 сантиметри, а се движел со брзина од околу 130 000 км/ч.
Илјадници луѓе од осум аргентиски провинции виделе силна светлост и своите впечатоци ги објавиле на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер. Некои од нив поставиле и видео-снимки од метеоритот и светлосната топка.

Би можело да ве интересира

Во Буенос Аирес протести против мерките за штедење

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

(ВИДЕО) Хавиер Милеј нападнат со камења на предизборен митинг

(ВИДЕО) Демонстранти фрлаа камења по автомобилот на претседателот на Аргентина

А1он

Силен земјотрес во Аргентина

(ВИДЕО) Луѓе бегаат на улица, стравуваат од цунами – први снимки од Аргентина по два силни земјотреси

А1он