(ВИДЕО) Тргнаа да спасат еден, сите исчезнаа во реката – петмина загинати во Охајо

Од:

Пет лица се удавија во реката Сајото во американската сојузна држава Охајо, откако еден по друг се обидеа да спасат пливач кој се давеше, соопштија локалните власти.

Трагедијата се случи во неделата вечерта на реката Сајото, во близина на акумулацијата О’Шонеси, на околу 10 милји северозападно од Колумбус.

Според шерифот на округот Делавер – Џефри Балзер, група од најмалку седум лица – два пара, нивен пријател и две деца – биле на брегот на реката за време на зајдисонцето.

– Еден од возрасните влегол во реката да плива, но набрзо почнал да се дави. Двајца возрасни се обиделе да го спасат, но и тие почнале да тонат. Потоа, уште две лица скокнале во водата за да помогнат, по што сите петмина исчезнале во реката – изјави Балзер.

Шерифот истакна дека ваквите трагедии не се ретки кога луѓето се обидуваат да спасат лице што се дави, иако не се обучени за спасување во вода.

Службите за итна помош биле повикани откако едно од двете деца истрча до блискиот пат и запре автомобил, кажувајќи му на возачот дека неговото семејство е во реката.

Спасувачите набрзо ги пронајдоа двете жени и ги извлекоа од водата, но во болницата беше констатирана нивна смрт.

Телата на тројцата мажи се пронајдени следниот ден.

По трагедијата, двете деца, на возраст под 10 години, биле преземени од локалната служба за заштита на деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 16 деца во Америка пронајдени во соба од 13 квадратни метри, со години живееле во страотни услови

Истрагата откри: Албански државјанин се удави во Ораховачко Езеро

На плажата Голем во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Предраг Петровиќ