(ВИДЕО) Срамни сцени на фудбалски натпревар во Тетово – „навивачите“ на Шкендија без почит за 59 жртви во Кочани

Од:

Срамни сцени се случија попладнево на градскиот стадион во Тетово.

Видео: ФФМ

Пред почетокот на натпреварот меѓу екипите на Шкендија од Тетово и Брера од Струмица во ПМФЛ, додека со минута молк беше предвидено да се оддаде почит на 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, видовме скандалозно однесување на домашните „навивачи“.

Тие не само што не ја испочитуваа минутата молк, туку навиваа и пееја песна посветена на УЧК.

На потег е Фудбалската федерација на Македонија, а според дисциплинскиот правилник на ФФМ, клубот од Тетово може да е казнет до 12 натпревари без гледачи, суспензија на теренот и парична казна од 5.000 евра.

Би можело да ве интересира

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски

Полицијата поднесе кривична против екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, осомничен е за проневера во службата

Горан Наумовски

Уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини

Катерина Ѓуровски

Сејдини под истрага: ФФМ покрена постапка за финансиски злоупотреби

Горан Наумовски

Почина Васил Рингов

Горан Наумовски