ВИДЕО: Шилегов го отвори зелениот покрив на ГТЦ, нема против да има кафетерија

Од:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, рече дека не е против на зелениот покрив на ГТЦ да има кафетерија, но за тоа сега требало да одлучи ГТЦ, кој треба да стопанисува со новоизградениот зелен покрив над трговскиот центар. Во првичниот план за изградбата на зелениот покрив на ГТЦ беше предвиден угостителски објект, но кога тоа предизвика бурни реакции на социјалните медиуми, Градот се откажа од изградбата на ваков објект.

„Не сум против да има некаква услужна дејност на покривот затоа што тоа би дало дополнителна вредност за релаксација и целосно уживање во оваа зеленило. Но, обврската за издавање деловен простор за ваква намена ја има ГТЦ и тој во иднина би требало да одлучи дали ваков објект ќе има овде“, рече Шилегов.

На зелениот покрив, кој денеска беше пуштен во употреба, има поставено две фонтани, монтажна бина, амфитеатрални скали, партерно шаховско поле, клупи и друга урбана опрема. Шилегов најави дека ќе се води сметка за одржување на просторот и нема да дозволи тој да биде препуштен на уништување.

„Зелениот покрив ќе им биде на располагање на граѓаните во времето кога е отворен ГТЦ. Значи, навечер, по полноќ, оградата ќе се затвора за да не биде оставен на милост и немилост на вандалските уништувања, кои се честа појава во последно време. Иако обврската за негово одржување му е препуштена на ГТЦ, ќе помагаме со сите наши ресурси и нема да оставиме овој простор да биде предмет на уништување“, рече Шилегов.

Просторот е со површина од 1.800 квадратни метри и е хортикултурно уреден со тревници, садници со зеленило, при што се засадени 3.656 дрвја од 20 вида. Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, на отворањето на зелениот покрив рече дека со реализацијата на проектот е решен и проблемот со вентилацијата на трговскиот центар.

„ГТЦ доби многу со овој проект. Од еден нефункционален простор со големи проблеми, многу спорови, тераса на која не се интервенирало над 30 години, направивме нешто. Ја повикувам јавноста да дојде, да види и да ужива во просторот, пред сè, решен е проблемот со вентилацијата на трговскиот центар. Сопствениците на дуќаните може мирно да спијат, ги уверувам дека повеќе нема да има прокапување и вода во нивните локали“, рече Трајчевски.

Проектот за изградба на зелениот покрив Градот го реализира заедно со УНДП и како што информира градоначалникот Шилегов, за неговата реализација се потрошени приближно 500 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески