(ВИДЕО) Семејства на починати од Ковид: Потплатувавме портири за да им дадат вода на хоспитализираните

Од:

Бројот на починати од Ковид-19 во земјава надмина 7.000 луѓе, кои во дневните статистики се само бројка, а во реалноста семејства чиј живот веќе никогаш нема да биде ист.

Секој од нив има своја приказна, своја голгота – со голем револт од здравствениот систем во земјата, дел од нив за „А1он“ раскажуваат низ што поминале за да ги спасат своите блиски, но не успеале. Дел од нив се разочарани од третманот на болните, дел од матичните лекари, а некои од тешкотијата да се најде место во болниците.

Во своите трогателни сведоштва, тие ги посочуваат слабостите во системот со кои се судриле, обидувајќи се да ги спасат своите блиски.

Таткото на сестрите Јована и Христина од Маврово, Санде Симески, починал на 60-годишна возраст од Ковид-19 лани во ноември. Тие сведочат како нивниот татко со денови се мачел дома, со препишани антибиотици и витамини, a матичниот доктор едвај и да ги комуницирал. Кога веќе конечно бил хоспитализиран, за само шест дена, неговата состојба толку се влошува, што неговото тело помодрува.

„Болничкото возило стигнa само со шофер, ниту сестра ниту доктор. Татко ми не можеше да стане од креветот, мајка ми го носеше долу до возилото. Татко ми падна пред возилото и не можеше да се качи, мајка ми го качи, а шоферот си стоеше на страна. Ни беше кажано – дехидриран е, ќе го чуваме три дена, па ќе го пуштиме, не секирајте се, ништо не е“, вели таа.

Во речиси исто време, за време на третиот бран на Ковид-19 кон крајот на 2020, на Инфективната клиника е хоспитализиран и Зоран Трендафиловски од Куманово. Неколку дена по неговиот 58. роденден, тој ги добива првите симптоми на Ковид-19, а неговата сопруга, Сунчица, вели дека морала да даде 500 денари на портирот за нејзиниот сопруг да добие вода. Трендафиловски починува по 21 ден на Инфективната клиника.

И од Министерството за здравство и директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, велат дека од почетокот на кризата здравствените работници непрекинато работат, а здравствениот систем соодветно и професионално одговора на предизвикот со пандемијата.

„Не постои идеално подготвен здравствен систем, било каде, кој може да одговори на вакви пандемиски размери на ширење на болест, кога капацитетите и потребата од здравствени услуги и персонал, лекови, дијагностика е многукратно поголем од она што се случува во нормални услови“, вели Стевановиќ.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат од почетокот на пандемијата има извршено 106 вонредни инспекциски надзори за починати пациенти помлади од 40 години поврзани со Ковид-19 или по поднесени претставки од членови на семејства на починати пациенти од коронавирусот. Поднесени се 77 иницијативи за стручен надзор до Министерството за здравство, а во тек се 10 вонредни инспекциски надзори.

Оваа содржина ја изработи порталот А1.он  во соработка со Институтот за комуникациски студии и онлајн платформата Само прашај, како дел од проектот Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество што го финансира Британската амбасада во Скопје

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска