(ВИДЕО) Се спасија девојчиња заробени под рушевините во Мјанмар

Од:

Споделени видео снимки од преживеаните на социјалните мрежи откриваат застрашувачки моменти под урнатините по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар во петокот.

На видеото се гледаат две девојчиња на возраст од 13 и 16 години и нивната баба како лежат во област полна со урнатини по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени.

Девојчињата и нивната баба останале заробени додека се обидувале да побегнат од нивниот стан на шестиот кат во вториот по големина град во земјата – Мандалеј, кој е во близина на епицентарот на земјотресот. Во паника истрчале кон итните скали, но зградата се урнала.

Отпрвин, таткото на девојчињата мислел дека неговите ќерки и мајка му умреле, а преку социјалните мрежи моли за помош за да ги извади нивните тела. Но, се покажа дека се живи.

„Моите ќерки снимаа видеа на своите телефони мислејќи дека ако тие и нивната баба умрат, можеби некој ќе им ги најде телефоните и дека ние ќе ги видиме“, напишал нивниот татко на Фејсбук.

Спасувачите ги пронашле и со чекан направиле мала дупка низ која можеле да додадат вода, но морале да одат да добијат дополнителна опрема.

Оставени сами на себе, девојките ги презеле работите во свои раце и со чекан го прошириле отворот и успеала да излезат.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Црна Гора

А1он

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ

Земјотрес во Русија

Два земјотреса за еден час во Романија

А1он

(ВИДЕО) Објавена е „црвена тревога“ во епицентарот на земјотресот на Филипините

Горан Наумовски

Земјотрес од 7,6 степени ги погоди Филипините, издадено e предупредување за цунами

Горан Наумовски