(ВИДЕО) Руски авион принудно слета во Естонија, патниците чекаа заробени со часови

Од:

Патнички авион со претежно руски државјани на лет за Санкт Петербург бил принуден да изврши итно слетување во Естонија утрото на 24 август поради украински напад со беспилотни летала врз Русија, објави весникот Постимис“.

– Авионот бил пренасочен за слетување во Талин, бидејќи не можел да слета на аеродромот Пулково поради привременото затворање – изјави Маргот Холц, раководител на комуникации и маркетинг на аеродромот во Талин.

Во текот на ноќта на 24 август, украински беспилотни летала погодиле гасен терминал во Ленинградската област и рафинерија за нафта во Самара.

Извор од Службата за безбедност на Украина (СБУ) потврдил за Киев Индепендент“ дека агенцијата стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во Ленинградската област.

Авионот на египетската авиокомпанија Ал-Масрија Јуниверсал Ерлајнс“ полетал од Шарм ел-Шеик и слетал во Талин во 5:33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург шест часа подоцна.

Според Холц, на патниците и екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот за време на нивниот престој на аеродромот во Талин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руски авиони во Естонија

Певкур: Подготвени сме да се одбраниме од Русија заедно со нашите сојузници од НАТО

Москва ги негира обвинувањата за нарушување на естонскиот воздушен простор

Ирски новинар ја обвини Урсула фон дер Лајен дека лаже во врска со руските авиони

Естонија го активираше Член 4 од НАТО

Итна реакција на НАТО по влезот на руските воени авиони во Естонија