(ВИДЕО) Реакција на филмаџиите: Намалениот буџет е удар врз кревката кинематографија

Од:

Педесетина еминентни филмски професионалци денеска на пладне се собраа пред зградата на Министесртвото за култура да го изразат својот револт поради намалување на буџетот за филм за идната година. Во протестното писмо што го прочита пред медиумите режисерката Дина Дума ги образложија аргументите за своето негодување.

„Нашата филмска продукција е во развој. Ние, филмските професионалци, сме наполно свесни дека помеѓу делата кои ги создаваме има катастрофални утки и дека меѓу нас, за жал, има и залутани поединци и нечесни профитери. Посебно во последниве десетина години. Но, исто така, меѓу нас се и авторите кои со своите дела под знамето Македонија настапуваат на најпрестижните светски филмски случувања. Ако ги погледнеме учествата на меѓународните фестивали, наградите на фестивалите од А и Б категорија, ќе ни стане јасно дека македонскиот филм, толку критикуван, често оспоруван и стигматизиран, со сите свои маани и ‘детски болести’ е, сепак, ако не е највредниот, тогаш барем најуспешниот извозен културен производ на оваа земја“, стои меѓудругото во писмото на филмаџиите што го прочита режисерката Дина Дума.

Експресен одговор од Министерството за култура и покана за заедничка средба со министерот за култура веќе во понеделник закажаа, по обраќањето на Петрит Сарачини од ресорното министерство. Тој нагласи дека интересите и на Министерството и на филмските работници се исти и одат во насока на подобрување на македонската продукција. Намалениот буџет, според него, е резултат на сите нерегуларности и долгови кои настанале во Агенцијата за филм во минатите години, како што е случајот со серијата „Македонија“, но, секако, ќе бидат сослушани сите аргументи на професионалците и ќе се најде заедничко решение.

„Не велиме дека македонската кинематографија во иднина треба да биде жртва на она што се случувало во минатото. Инсистираме да се зајакнат критериумите, и во согласност со секој издржан проект секако ќе наоѓаме решенија за поддршка. По средбата во понеделник со Министерот сигурен сум дека ќе најдеме заеднички јазик“, рече Сарачини.

Оваа реакција на филмските професионалци стигнува по обелоденување на буџетот за култура за идната година, во кој е предвидена најмала ставка за буџетот наменет за филмот.

А.В.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ