ВИДЕО: Прв обид за апсење во Охрид, демонстрантите се судрија со полицијата

Од:

Обидот за првото апсење на демонстрант во Охрид заврши со судир помеѓу полицијата и демонстрантите.

Маж кој фрли со предмет кон терасата каде е сместен бугарскиот клуб и каде има гости присутни на свеченото отворање, требаше да биде уапсен, но по жестоките реакции на демонстрантите, полицијата се откажа од намерата.

Атмосферата во центарот на Охрид станува се потензична. Демонстрантите се се понервозни, а пцовките доаѓаат од двете страни, како од демонстрантите така и од гостите во бугарскиот клуб каде има низа провокации.

Протестот започна пред половина час, а има и големо полициско обезбедување.

Би можело да ве интересира

И името Цар Борис III пред бришење: Бугарскиот клуб доби негативно мислење од комисијата

Ана Ололовска

Комисијата за употреба на историските имиња утре ќе има седница за бугарскиот клуб „Цар Борис III“

Ана Ололовска

Централен регистар: Барањето на здружението „Цар Борис Трети“ одбиено поради недоставување на бараните документи во законскиот рок

Ана Ололовска

Истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Катерина Ѓуровски

Здружението „Цар Борис Трети“ поднело барање за промена на името

Натепаниот Бугарин го менувал исказот: Прво кажал дека го натепале тројца, а потоа дека е натепан од едно лице

Кристијан Ландов