(ВИДЕО) Протест на жители на Гази Баба: Бараме референдум за центарот за зависници

Од:

Жителите на Општина Гази Баба од денешниот протест во населбата Маџари каде што треба да биде сместен центарот за зависници, порачаа дека властите не може оваа одлука да ја спроведат без да се слушне гласот на граѓаните.

Да се распише референдум потоа да се спроведе одлуката е едно од барањата на граѓанската иницијатива “Стоп за отворање на центар за зависници”, кое го упатија до министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски.

„Сите сме загрижени по одлуката за која дознавме од медиумите дека градоначалникот Георгиевски, го прифатил барањето на министерот Филипче, центарот за зависници да се пресели во фабриката „Металски завод Тито“ во Маџари. Ние како граѓани немаме против, отварањето на ваков центар, но бараме тоа да биде на соодветна локација. Затоа бараме Градоначалникот да го повлече барањето за дислокација на центарот од Кисела вода, во Маџари. Нашите барања ги потврдуваме преку граѓанска петиција која ќе ја доставиме до локланата власт и до сите надлежни институции кои сметаме дека се инволвирани во проблемот. Бараме да се слушне гласот на граѓаните, да се организира референдум, па потоа да се носи одлука“, порача Мирче Зафировски од граѓанската иницијатива на жителите на Гази Баба.

Организаторите велат дека оваа е предупредувачки протест и најавија дека нивниот глас ќе го кренат на почести и помасовни протести, доколку не добијат позитивен одговор на нивните барања.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски