(ВИДЕО): Производителот „Баер“ испитува зошто со нивното средство против комарци нè прскаат од воздух, спротивно од дозволата за употреба

Од:

И покрај алармот на „А1он“ дека во главниот град се прска авионски со средство кое не е регистрирано за употреба од воздух, град Скопје и во мандатот на Данела Арсовска ја продолжува праксата на поранешниот градоначалник Петре Шилегов.

Градот повторно склучи договор со компанијата „Приматекс Бранка“ за набавка на биоцидот Aqua K-Othrine, за кој производителот го регистрирал за затворен простор, а за надворешна употреба – само од земја. Договорот е склучен и веќе во сабота, градските служби најавија дека авионски ќе се прска против комарци.

Иако „А1он“ договори интервју со претседателот на Комисијата за јавни набавки при град Скопје, Драги Митковски, сепак, тоа не се реализираше, бидејќи Митковски рече дека бил расположен да даде одговори, но, за снимање, немал одобрение да зборува без претходна согласност од градоначалничката. „А1он“ ја побара телефонски и Арсовска, но, не одговори на нашиот повик.

Компанијата „Приматекс Бранка“ која го набавува средството тврди дека може да се употребува и надворешно, без разлика дали е од монтирани генератори на возила за апликација од земја или од авион. Производителот „Bayer Environmental Science“ го тврди спротивното – дека е одобрен за надворешна употреба во Македонија, но, не за апликација од авион или хеликоптер. Овој одговор од „Приматекс Бранка“ го испративме на производителот. Од таму велат дека:

„Етикетите за пестициди се засноваат на ригорозна проценка на безбедноста на пестицидот и резултат на процесот на нивно одобрување. Тие ја дефинираат безбедната употреба, опишуваат како треба да се примени пестицидот и кои услови на опрема треба да се почитуваат. Секоја употреба што не е во согласност со етикетата, не е легална во повеќето држави. Затоа не се согласуваме со изјавата“, ни одговорија од компанијата.

Дополнително, од Баер велат дека наведуваат дека веќе го испитуваат начинот на примена на средството во Македонија и чекаат повратни информации за прскањето од авион.

„Понекогаш властите создаваат локални отстапувања, како што се националните уредби, за исклучителна и привременa употреба на отворено, на пример поради причини поврзани со јавното здравје. Во однос на Северна Македонија, треба да се провери точно како производот се користи локално – според етикетата и/или локални отстапувања како национални уредби“, посочија од „Баер“.

Но, без оглед на најавените испитувања, со веќе склучениот договор, компанијата, сепак, ќе и продаде од биоцидот на „Приматекс Бранка“, која тука запрашува против комарци од воздух. Останува енигма како Секторот за хемикалии дал одобрение за регистрација, а екс министерот Филипче ставил потпис за употреба на овој биоцид кој според примената, не соодвествува со регистрацијата на производителот. Бидејќи дури и во обрасците за регистрација на биоцидни производи стои дека мора да се наведе начинот на употреба.

Од Здравство повторно ни посочија дека увид во досието на производот има само нивната стручна комисија, но, не и јавноста. Како што велат, податоците се сметаат за доверливи, освен ако подносителот на барањето или увозникот на биоцидот одлучи одредени податоци кои се сметаат за доверливи да станат достапни. Кога побаравме увид во досието и од самата компанија, сопственикот не упати да се обратиме во Министерството.

За набавката на средството против комарци веќе постапува и Антикорупциска. Од таму велат дека барања за доставување на податоци се побарани од повеќе институции. Документација не доставила само една институција, но и дека се уште трае законскиот рок за достава.

Приказната продолжува.

Би можело да ве интересира

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Само 30 автобуси на ЈСП возат низ Скопје

Катерина Ѓуровски