(ВИДЕО) Прогноза на Ѓоковиќ: Португалија и Мексико ќе играат финале на СП 2026

Од:

Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание со својот одговор на прашање поврзано со Светското првенство во фудбал идната година.

Српскиот тенисер беше во Катар каде што ја следеше трката во Формула 1 и настаните околу „најбрзиот циркус на светот“, но најде време и да одговори на разни интересни прашања.

Едно од нив беше поврзано со финалистите, односно потенцијалниот победник на Светското првенство, кое ќе се одржи следната година во САД, Мексико и Канада.

За време на кратко интервју, тој откри кого гледа на финалето на најголемиот фудбалски настан во светот.

„Ќе бидам многу смел. Португалија! Португалија ќе го победи Мексико во финалето“, рече Ѓоковиќ.

Новинарот не можеше да поверува што слушна, па ги спомена Франција, Шпанија…

„Знам, но затоа реков дека ќе бидам смел. Португалија – Мексико финале, Португалија победува“, повтори Ѓоковиќ уште еднаш.

На Светското првенство, Португалија ќе игра во групата К против Узбекистан и Колумбија, а четвртата репрезентација ќе биде позната по плејофот.

Мексико, како еден од домаќините, е сместен во групата А, каде што се вклучени и Јужна Африка, Јужна Кореја и една екипа од европските квалификации, односно плејофот.

Би можело да ве интересира

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Новак се мачеше, но стигна до третото коло на Ролан Гарос

Горан Наумовски

Шок за Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим – српскиот ас се „сопна“ на првата скала

А1он