ВИДЕО: Пред Градската болница се читаат имињата на повредените

Од:

Пред Градската болница „8 Септември“, директорот Христијан Костов ги читаше имињата на повредените патници во сообраќајната несреќа кои не се во животна опасност.

Тој соопшти дека во болницата се починати 5 лица, од кои четворица мажи и една жена, но тие се уште не се идентификувани.

Семејствата и роднините се обидуваат да дознаат што повеќе информации за состојбата на нивните блиски. Дел од нив со солзи во очите чекаа за да ги слушнат имињата на нивните блиски, за да знаат дека тие се надвор од животна опасност.

Костов изјави дека сите 4 операциони сали се подготвени и дека таму ќе се извршуваат потребните интервенции на повредените, а дека за половина час ќе излезе со нови информации за нивната здравствена состојба.

Пред влезот на Градската болница има бројни полициски екипи и забранет е пристап внатре во болницата, за да му се овозможи на медицинскиот персонал непречено да ја извршува работата.

Во болницата дојдоа екипи на судска медицина.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница