ВИДЕО: Петковски нуди договор за сите парламентарни партии

Од:

НСДП бара сите парлемантарни партии да потпишат договор за партнерство со кој би се дефинирале три клучни прашања, битни за државата.

„Никој нема право да се прави налудничав и да не гледа што се случува.

Македонија е во длабока политичка и општествена криза, ние сакаме да понудиме на политичките партии потпишување договор кој ќе не легитимира како одговорни субјекти“, рече Тито Петковски, претседател на НСДП.

Според него, со договорот треба да се дефинира задолжувањето на Република Македонија, остварувањето на Рамковниот договор и прашањето за името.

„Ние сакаме излез на Македонија од ситуацијата во која се најде, со ова не се доведува во прашање ставот на опозицијата дека треба да има предвремени парламентарни избори, зашто парламентот не е повеќе место каде што може да се седне и да се разговара. Може било кое друго место може, а најодгворен е премиерот“, рече Петковски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

НСДП: Без техничка влада нема фер избори

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини