ВИДЕО: Новинарите го изнервираа Џафери, не сака да го прашуваат за оставка

Од:

Првиот човек на Собранието, Талат Џафери не сака да одговори дали би поднел оставка доколку и за него се појави некоја снимка.

Тој се изнервира од прашањето на еден од новинарите кое се однесуваше на нелегално прислушуваните разговори кои се уште се појавуваат по интернет мрежите и кои се однесуваат на ДУИ. Новинарот постави прашање дали Џафери ќе ги следи чекорите на пратеникот Павле Богоевски и ќе си поднесе оставка доколку излезе некој телефонски разговор каде ќе има индиција за негова криминална вмешаност.

Џафери затечен од прашањето дрско возврати велејќи дека тоа е хипотетичко прашање и дека не сакаат да го споредуваат со Павле Богоевски.

-Господине Џафери, продолжува објавувањето на „бомбите“ каде таргет е ДУИ, Доколку излезе некој разговор каде има индиција дека вие сте замешан во незаконски дејствија дали ќе преземете нешто ако..

-Ова се ваши хипотези, може да дадам одговор сега, рече Џафери.

Дозволете да го завршам прашањето

-Ова се ваши хипотези, тоа е хипотетички аспект на вашето прашање и за хипотетички аспекти јас не давам хипотетички одговори така што оставаме на времето, возврати Џафери.

Доколку излезе некој материјал на кој вие се слушате дали ќе ги следите чекорите на Павле Богоевски?

-Па вие сега сакате да ме споредувате со Павле, ајде доста, рече Џафери.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик