ВИДЕО: Нова снимка од нападот во канадскиот парламент

Од:

Мајкл Захаф-Бибо кој во среда го уби канадскиот војник во Отава, а потоа вооружен се упати во зградата на парламентот каде што отвори оган, сакал да патува во Сирија, но патната исправа не му била одобрена, поради сомнеж дека е приврзаник на екстремизмот.

Инаку триесет и двегодишниот Бибо кого во парламентот го застрела и уби пензионираниот полициски наредник Кевин Викерс (58), не бил помеѓу 90-те лица кои се поднадзор на властите, но барал пасош и планирал да замине во Сирија. Неговата желба за заминување во Сирија ја открила мајка му.

Полицијата откри дека неговата електронска адреса е пронајдена на компјутер на лице осудено за злосторства поврзани со тероризам во Канада и дека тој дејствувал сам.

Поради инцидентот канадскиот премиер, Стивен Харпер е под 24 часовна полициска заштита.

Исто така објавена е видео снимка од надзорни камери, која го прикажува целиот крвав поход на напаѓачот кој го поврзуваат со терористичките групи, иако таа информација се уште не е потврдена.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Лебланк: Трамп и Карни постигнаа напредок во преговорите, договорите не се блиску

Русија и се одмазди на Канада преку кинескиот пазар

Најмалку едно лице загина, а шест се повредени во напад со нож во Канада

Карни: Украина ќе добие една милијарда долари воена помош следниот месец

(ВИДЕО) На ватерполо натпреварот Кина-Канада одекнаа два истрели, мечот времено беше прекинат

Канада ќе ја признава државата Палестина во септември