ВИДЕО: Напаѓач се обиде да пука во главата на лидерот на бугарските Турци во Софија

Од:

Непознат човек вперил пиштол во партискиот лидер на бугарските турци Ахмед Доган додека се обраќал на учесниците на партиската конференција во Софија.

Toj станал од публиката и тргнал кон Доган со вперен пиштол, во моментот кога лидерот на Движењето за правата и слободите ја критикувал политиката на ЕУ и бугарската влада.

Мажот не успеал да пука пиштолот, бидејќи Доган успеал да му го исфрли пиштолот од рака, а потоа делегатите на конференцијата го фатија и турнаа на подот, јавуваат бугарските медиуми.ahmed-dogan`

Веднаш потоа, неколку делегати скокнале од своите места и го претепаа напаѓачот. napagac1

Утврдено е дека напаѓачот поседувал пропусница за собирот, но не е познато дали тој бил делегат, и како успеал да внесе оружје покрај силното обезбедување. Движењето за права и слободи е основано во 1990 година. и е трета политичка партија во Собранието на Бугарија.napagac

Бугарските медиуми претходно објавија дека Доган би можел да се повлече денеска од функцијата претседател на партијата и за лидер на партијата да биде поставен Љутвија Местан.

На денешната конференција присуствуваат околу 800 делегати и 600 гости, меѓу кои е и лидерот на Партијата за демократска акција на Санџак Сулејман Угљанин.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски