ВИДЕО: Македонија може да извиси за снимките од безбедносните камери од Албанија за бегството на Груевски

Од:

Дали го има Груевски на безбедносните камери од премините во Албанија сè уште ќе остане енигма. Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, рече дека не било постапено по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби на Албанија и дека до овој момент снимките од безбедносните камери со кои треба да се утврди рутата и детали за бегството на осудениот експремиер Никола Груевски од Албанија не се обезбедени.

„Во врска со снимките две службени лица беа во Албанија, но на барањето не е одговорено целосно. Снимките досега не се обезбедени“, рече Јовески. Објаснувањето било дека станува збор за опсежни податоци и дека системот автоматски ги биршел снимките по извесно време.

Груевски избега на 9 ноември лани, а македонската јавност, 2,5 месеца по бегството не знае дали некој му помогнал и дали ќе има кривична или дисциплинска одговорност. Предистражната постапка ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он