ВИДЕО: Мајката на убиениот Пино демонстративно ја напушти судницата откако се одложи рочиштето

Од:

Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино Секондо. Причина за одлагањето е тоа што адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време за увид во доказите, за што, како што рече, наместо 8 дена од приемот на поканата, поминале 4 дена.

Обвинителката Лидија Раичевиќ рече дека не може одбраната да се подготвува 4 дена пред воведните говори.

„Секое одлагање на секое судење е штета и трошоци на Буџетот и создава лош впечаток кој не оди во корист никому, а најмалку на обвинетата“, рече Раичевиќ.

Откако судијката Ленка Давиткова го одложи судењето, мајката на Пино, Маја Трпковска, заедно со свештеното лице, демонстративно ја напуштија судницата. Следното рочиште е закажано на 27 ноември.

Убиството се случило на 11 декември 2018 година. Кобната вечер обвинетата Ангела го намамила Пино да дојде кај насипот во населбата Ѓорче Петров.

Кога пристигнал, таму бил веќе дојден осомничениот за убиството, Али Фуркан, кој носел пушка. Фуркан го оставил возилото „Опел Аскона“ и со „шкодата“ на Пино се упатиле преку обиколница до Арачиново.

Таму застанале во нива и првин се карале по што започнала тепачка, а во еден момент Фуркан со пушката го застрелал Пино во главата.

Мајката на Пино Секондо, Маја Трпковска, со месеци трагаше по синот, а скелетот беше случајно пронајден на крајот на април годинава.

Би можело да ве интересира

Апелација и намали три години од казната на Ангела, осудена за убиството на Пино

Мајката на Пино бара доживотен затвор за осудената: Не застанувам тука

Кристијан Ландов

Повторно досудени 19 години за убиството на Пино, адвокатот на Ѓорѓиевска тврди дека е без докази

Кристијан Ландов

Мајката на Пино по одлуката на Апелација: Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко

Кристијан Ландов

Укината 19-годишната затворска казна за убиството на Пино, Апелација одлучи дека има погрешно утврдени факти

Кристијан Ландов

Соизвршителката на убиството на Пино осудена на 19-годишна затворска казна

Кристијан Ландов