Минатата недела познатата словенечка група „Лајбах“ одржа концерт во Пјонгјанг во Северна Кореја и се запиша во историјата како единствената западна рок група што некогаш настапувала во оваа земја. Во интервју за списанието „Ролингстоун“, членот на Лајбах Иво Салигер вели дека биле зачудени што во Северна Кореја поседувањето марихуана е легално и луѓето слободно ја конзумирале, а исто така слободно пиеле пиво и пушеле цигари.
– Тие произведуваат одлично пиво и тоа е многу популарен пијалок. Може слободно да пиете пиво во баровите и хотелите и да пушите цигари без да ризикувате затворска казна. Пјонгјанг заедно со другите места во државата се веројатно најбезбедни места на планетата за шетање навечер, се разбира, доколку ви дозволат да се шетате. За оние што се заинтересирани за марихуана, Северна Кореја е многу либерална, бидејќи поседувањето на марихуана не се смета за илегално, вели Иво Салигер од „Лајбах“.
Членовите на Лајбах тврдат дека предрасудите што ги шират западните медиуми за Северна Кореја не се точни: Тие не ги јадат сопствените деца, не ги фрлаат луѓето да ги јадат кучиња и не гладуваат заради недостиг од храна, не ги мразат Американците.
Тие во С. Кореја не го сретнале водачот Ким Јонг Ун, туку само заменик министерот за култура, водачот, не присуствувал ниту на нивниот концерт.
– Луѓето во С. Кореја кон нас се однесуваа љубезно и со почит, вели Салигер
Тој за списанието вели дека 70-годишнината од ослободувањето од Јапонија, во Пјонгјанг не се славело со воена парада, туку со танци.
Сепак, и покрај однапред прилагодениот репертоар на песни со кој настапија „Лајбах“ во Северна Кореја, дополнително им беа забранети уште 4 песни.